Окслејд-Чемберлејн
се здоби со повреда на синоќешниот дуел со Рома, каде неговиот тим Ливерпул
славеше убедливо со 5-2 во првата пресметка од полуфиналето од Лигата на
шампионите, а тимот од Енфилд соопшти лоша вест за англискиот фудбал.
Дуелот кој го
имаше офанзивецот со Александар Коларов синоќа го чинеше пропуштање на
остатокот од сезоната во дресот на Ливерпул, а покрај тоа ќе биде вон
комбинација и за настап на Светското првенство во Русија претстојното лето.
Чемберлејн се
здобил со повреда на лигаментите на коленото, а ова за него не е прв пат да
пропушти Мундијал поради повреда, истото му се случи и пред Мундијалот во
Бразил пред четири години.
„По прегледите се
утврди дека Чемберлејн ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната, како и
Светското првенство во Русија“ се наведува во соопштението на Ливерпул.