77
Повеќе нема
дилеми дека постојат преговори помеѓу Бока Јуниорс и Џанлуиџи Буфон, тоа што се
шпекулираше, сепак премина во реалност.
Аргентинскиот
клуб му нуди пет месечен договор на Италијанецот кој во тој период би можел да
заработи 2,5 милиони долари, а доколку ја прифати таа понуда би станал
најплатениотфудбалер во најсилниот шампионат на Аргентина во неговиот
историјат.
Буфон е во
Јувентус од 2001. година па наваму, се најавуваше дека ова ќе биде неговата
последна сезона, но можно е кариерата сепак да ја продолжи во Бока Јуниорс, кој
би бил третиот клуб во неговата кариера по Парма и Јувентус.