Може ли Салах да им конкурира на Роналдо и Меси за „Златната Топка“?

by
2 минути читање

Изминативе десет
години има само две имиња кога е во прашње најпрестижната индивидуална награда
која ја доделува реномираниот Франс Фудбал. Кристијано Роналдо и Лео Меси се
играчите кои доминираат на церемониите за „Златната Топка“, Португалецот и
Аргентинецот имаат по пет вакви статуетки.

Последен кој се
радуваше на приматот најдобар во светот беше Кака во 2007. Се
веруваше дека Нејмар ќе биде фудбалерот кој ќе ги предизвика Роналдо и Меси, но
сега како сериозен кандидат се наметнува Мохамед Салах. Египјанецот има
одлична сезона по трансферот на Енфилд, и веќе се закити со признанието Играч
на годината во Премиерлигата во избор на неговите колеги, професионалните
фудбалери од Англија.

Со 31 погодок во
Премиерлигата, Мо Салах е најдобар стрелец во Европа, Лео Меси има 29 во
Примера, додека пак Роналдо по разочарувачкиот старт на сезоната стигна до бројката 24. Фудбалерот на
Ливерпул исто така има и подобра статистика кога се во прашање сите натпреварување, Салах
зад свото име забележа 43 погодоци, Роналдо има 42 а Лео Меси 40.

Што се однесува до асистенците и шансите креирани за соиграчите, Лео Меси е без конкуренција.
Аргентинецот има 18 асистенции, Салах 13 додека пак Роналдо скромни 7. Лео исто
така има креирано 95 шанси оваа сезона, Салах има 81 шанса а Роналдо само 52
шанси.

Но за оваи бројки
да има ефект, Салах со Ливерпул ќе мора да осови трофеј, односно Лигата на
шампионите. Лео Меси веќе осигура два, титулата во Шпанија и онаа во Копа дел
Реј, но тие веројатно ќе бидат во сенка со оглед на тоа дека Барса потфрли во
најелитното европско натпреварување. Реал Мадрид се уште се бори за трофејот од
ЛШ каде Роналдо импресионира со 15 погодоци. Па доколку Португалецот ги
предводи „Кралевите“ до трета титула во низа, сигурно ќе има многу адути за
„Златната Топка“.

Во последните
четири години, оној кој ја освојува Лигата на шампионите стигнува и до
„Златната Топка“, но оваа година има уште еден фактор а тоа е Светско
првенство.

Случувањата во
Русија ќе имаат големо влијание врз изборот. Доколку некој блесне на мундијалот
и стане шампион, сигурно ќе се замеша во трката. Токму СП 2018 е надежта на
Нејмар за „Златната Топка“. Доминацијата на ПСЖ во Франција не му значи многу
бидејќи „Светците“ и без него ги „мелат“ противниците. Но доколку Нејмар ги
предводи „Кариоките“ до златото, работите брзо ќе се променат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани