Трансфер генијот Мончи му честиташе на Ливерпул за одличната зделка и објасни зошто го продал Салах за џабе

by
2 минути читање

Мончи важи за
најдобриот спортски директор во светот на фудбалот, ја претвори Севиља од
просечен второлигаш до моќен клуб кој освојува трофеи и заработува грди пари од
трансфери.

По 17 години
поминати на Рамон Санчез Писхуан, тој минатото лето се пресели во Рома. Една од
првите зделки која ја направи беше продажбата на Мохамед Салах, која веројатно
ќе го прогонува до крајот на животот со оглед на тоа дека Египјанецот има
фантастична сезона на Енфилд и речиси секој викенд урива рекорди.

Мо Салах вчера со
два гола и две асистенции го предводеше Ливерпул до триумф од 5-2 над Рома во
првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите, па Мончи си ја отвори душата.

„Јас го продадов
Салах, па превземам одговорност
– вели Шпанецот. „Го продадов за нешто над 42 милиони евра, но има
причина за овој потег. Моравме да го продадеме пред 30. јуни, во спротивно сега
немаше да бидеме во полуфинале бидејќи имавме строга контрола од УЕФА и моравме
да продаваме. Кога пристигнав, првата понуда беше 30 милиони евра, на крајот се
изборивме за 50 милиони евра сосе бонуси, тоа беше најдобро што можевме
.

Неколку месеци
подоцна експлодираше трансфер пзарот, Нејмар беше купен за 222 милиони евра,
Дембеле за 150 милиони, Мбапе за 180 милиони евра а Филипе Кутињо за 160
милиони евра. Па со оглед на тоа каква сезона има Мо Салах, се чини дека
Ливерпул го доби Египјанецот за џабе.

„Очигледно
трансфер пазарот полуде со Нејмар, Кутињо и Дембеле. Исто така Салах има
одлична сезона, па им честитам на Ливерпул, направија одлична зделка
.

„Но немавме друг
избор, моравме да го продадеме пред 30. јуни
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани