Ди Франческо: Ако не веруваме подобро да не играме

by
1 минути читање

Рома во најголемиот дел од мечот на Енфилд изгледаше загубено, Ливерпул имаше водство од 5-0, но во последните десет минути италијанскиот тим даде два гола кои даваат некаква надеж за реваншот.

„Доколку не верувате дека нешто може да се случи, тогаш не треба ни да ги играте овие натпревари“, вели Ди Франческо.

„Подготвувањето натпревари на хартија и во реалноста не е исто, тактиката станува релативна доколку не можеме да ја задржиме топката или да направиме едноставни пасови“.

„Нивните движења во нападот се случуваа откако ние ќе ја загубевме топката. Губењето на тие дуели еден на еден покажува дека сме зад Ливерпул во поглед на физичката подготовка и брзината“.

„Но, како што реков и пред дуелот со Барселона, така ќе речам и сега. Тотално веруваме во нашите шанси. Во Рим ќе видиме една сосема поинаква Рома“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани