Ливерпул има капитално водство од 2-0 против Рома по првото полувреме од првата пресметка помеѓу овие две екипи во полуфиналето од Лигата на шампионите, двата гола беа дело на Салах, поранешниот фудбалер на италијанскиот прволигаш.
Првата шанса на
мечот ја имаа домаќините преку Фирмино, но Бразилецот откако прими употреблива
топка во казнениот простор на италијанскиот тим, не искористи убава прилика да
погоди, биеше покрај голот во петтата минута.
Првата посериозна
шанса ја имаше Рома и тоа преку Коларов, српскиот бек ја погоди конструкцијата
од голот откако се одлучи да го изненади Кариус во 19. минута со удар од работ
на казнениот простор.
По ова следеа три
шанси за домаќините, две преку Мане, и една преку Салах, но истите беа
неуспешни обиди, во 34. минута мрежата на гостинскиот табор се затресе, но
голот на Мане беше поништен поради офсајд.
И, конечно во 36.
минута радост за навивачите на англискиот тим откако Салах погоди против својот
поранешен клуб, убав гол на Египјанецот кој гестикулираше на извинување, гест
кој сигурно ќе биде испочитуван од фановите на Рома, Алисон едноставно беше немоќен
во оваа ситуација.
Две минути по
водечкиот гол Ловрен биеше со глава но само ја погоди пречката, а Вијналдум
упати прецизен удар кон голот на Рома на пет минути пред истекот на првото
полувреме, по што имаше правовремена реакција на Алисон.
Во самиот финиш од првиот дел Салах со својот втор гол на мечот веќе зголеми на 2-0, а голот беше вистинска фудбалска мајсторија на офанзивецот.
Ливерпул: Кариус, Ван Дијк, Ловрен, Милнер, Фирмино,
Салах, Хендерсон, Мане, Окслејд-Чемберлејн, Робертсон и Александер-Арнолд.
Рома: Алисон, Наинголан, Жесус, Стротман, Џеко,
Коларов, Де Роси, Андер, Фацио, Флоренци и Манолас.
Мечот на Енфилд го суди германскиот арбитар Феликс Брих.