Го бараа Баерн, Дортмунд, Јуве и Ливерпул, тој реши да игра во втора лига

by
1 минути читање

27 годишниот лев
бек, кој со Германија 
ги
одигра сите минути на Европското првенство во Франција, а
во 2017 се закити со злато на Купот на Конфедерации, можеше
да бира каде ќе се пресели по крајот на сезоната.

Келн е на пат да испадне во втората лигата а со тоа се активира клаузула со која
Јонас Хектор може да замине за смешна сума на пари. Па многу клубови ширум
Европа пројавија интерес, помеѓу нив се и имиња како Баерн Минхен, Борусија Дортмунд,
Ливерпул и Јувентус.

Сепак, фудбалерот на големо изненадување реши да стави потпис на нов договор со
„Јарците“ и да ја продолжи верноста до 2023.

„Со Келн од
регионална лига стигнав до националниот тим на Германија. Благодарен сум му на
клубот и се чувствувам комфорно со животот во Келн. Без проблем можев да
заминам во друг клуб по крајот на сезоната, но тоа не е правиот потег. Изминативе
недели одржавме неколку разговори и имав доволно време да размислам. Одлуката е
јасна, му припаѓам на Келн и сакам во новата сезона да ги бранам боите на овој
клуб заедно со овие фанови
– го објасни својот избор Јонас Хектор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани