Египјанецот не се
снајде под водство на Жозе Мурињо во Челси, но доби нова шанса да покаже што
знае и умее во Англија откако Ливерпул и Јирген Клоп искешираа 50 милиони евра
за неговите услуги минатото лето.
„Црвените“ и
Германецот не погрешија, Мохамед Салах има фантастична сезона со 31 погодок зад
своето име, со кои собори неколку рекорди, а може да испише уште неколку нови страни
во фудбалската историја на „Островото“.
И покрај тоа што
Манчестер Сити доминираше во Премиерлигата, фудбалерите му оддадоа признание на
Мо Салах за извонредните партии и го избраа за Играч на годината пред Кевин Де
Брујне. Во конкуренција за оваа престижна индивидуална награда уште беа и Давид
Силва, Лерој Сане, Хари Кејн и Давид Де Хеа.