BET-IBC совети за обложување: Челси и Саутемптон во нова пресметка, овој пат влогот е финале од ФА Купот

by
6 минути читање

Бидете број 1 во
обложувачкиот свет и отворете обложувачка сметка со
најдобриот Азиски брокер за обложување.

Челси –
Саутемптон: Победа на домаќинот

Во вторто
полуфинале од ФА Купот, Челси се среќава со Саутемптон. Двата тима имаат сезона
под очекувањата, „Сините“ веројатно ќе останат без настап во Лигата на
шампионите, а на „Светците“ сериозно им прети испаѓање во Чемпионшип. Па и
Челси и Саутемптон ќе се обидат колку толку да ја спасат сезоната со трофеј од
најстарото фудбалско натпреварување во светот. Овие два противника се сретнаа
минатата недела во рамките на Премиерлигата, Саутемптон беше на чекор до три
бода откако имаше водство од 2-0, но избраниците на Хјус потклекнаа три пати во
период од осум минути па Челси со три бода си замина од Сент Мерис. По овој
триумф, избраниците на Конте надоврзаа и победа на гостувањето кај Барнли, па
голем фаворит се да слават и денеска на Вембли и да се пласираат во ново финале
кое ќе биде второ во исто толку години. Покрај формата, и статистиакта е на
страна на „Сините“. Клубот од Стемфорд Бриџ има серија од пет победи во
пресметките со Саутемптон, па за очекување е оваа серија да продолжи.

Атлетико Мадрид –
Бетис: Помалку од 2,5 погодока

Само 24 часа по
триумфот на Барселоа во Копа дел Реј, Атлетико Мадрид на Ванда Метрополитано го
пречекува Бетис. Целта на домаќините е да ја зачуваат втората позиција на
табелата, додека пак гостите сонуваат за Европа. Атлетико Мадрид нема пораз на
домашен терен во Примера оваа сезона, има десет победи пред своите фанови во
низа во сите натпреварување без притоа да прими гол, или девет победи и едно
реми и еден примен гол ако се земат во предвид само средбите од Примера. Исо
така, Атлетико нема пораз во последните 12 пресметки против Бетис, па сосема
очекувано избраниците на Симеоне влегуваат како фаворити. „Колчонероси“ сепак
на ум ќе го имаат и полуфиналето со Арсенал во Лига Европа, па може да не дадат
100% на овој натпревар. Бетис ќе се обиде да го искористи ова и да ја продолжи
победничката серија. Гостите ги уживаат најубавите момети оваа сезона, нанижаа
шест победи во низа, а на дури пет меча ја зачуваа сопствената мрежа. Па се
укажува на интеренс пресметка со многу битка, а доколку се суди според
стастиката, и малку голови. На четири од последните пет меѓусебни дуели, имало
два или помалку погодока, а дури три завршиле со резултат 1-0. Исто така седум
од последните девет натпревари на Бетис завршиле со два или помалку погодока.

BET-IBC ви
овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници и во помали лиги преку
Skype обложување.

Киево – Интер:
Победа на гостите

Итнер патува на
Бентегоди во добра атмосфера откако со 4-0 триумфираа над Каљари во вторникот,
но останува да се види дали оваа доба форма избраниците на Спалети ќе можат да
ја покажат и надвор од дома. „Нероаѕурите“ на гости имаат само една победа од
декември месец. Во април Интер имаше три гостувања, одигра 0-0 со Милан, загуби
1-0 против Торино а немаше голови ниту на пресметката со Аталанта. Оваа лоша
серија придонесе клубот од Џузепе Меаца сега да заостанува зад Рома и Лацио во
битката за топ четири пласман и да чекаат кикс на другите за да обезбедат
настап во Лигата на шампионите. Па Интер нема право на кикс и мора да атакува
на трите бода од првата минута. Што се однесува до Киево, домаќините се во
борбата за опстанок, во моментов се на 16. позиција на табелата со +3 во однос
на местата кои носат во Серија Б. Пред своите фанови „Летечките магариња“ оваа
сезона покажаа дека знаат да одиграат на резултат со цврста одбрана, и се
изборија за 0-0 со екипи како Наполи, Рома и Торино. Веројатно со истиот
рецепет ќе се обидат да му ги поматат сметките и на Интер. Првата меѓусебна
пресметка оваа сезона заврши со убедлива победа на „Нероаѕурите“ од 5-0, а
Интер може да се пофали и со уште три триумфа во последните пет меча со Киево и
ќе се обидат на оваа серија да придодадат уште еден успех.

Бордо – ПСЖ:
Повеќе од 2,5 погодока

Во натпревар во
кој нема никакво резултатско значење, новиот шампион гостува на „Матмут
Атлантик“, стадион кој веќе еднаш му донесе среќа на ПСЖ откако на 31. март
славеа над Монако во Лига Купот. И покрај тоа што стигнаа до титулата, Унаи
Емири порача дека нема простор за опуштање и тие одат на нова победа. До триумф
против Бордо, Шпанецот ќе треба да стигне без повредените Верати, Ди Марија,
Диара и секако Нејмар. Но „Светците“ имаат широк и квалитетен состав, па затоа
и се голем фаворит за трите бода. Бордо е на средината од табелата, па без
никаков притисок ќе се обиде да се одмазди за првиот меѓусебн меч. Домаќините
добро ја започнаа сезоната без пораз (4 победи и 2 нерешени исходи) но кон
крајот на септември беа декласирани на „Паркот на Принцовите“ со 6-2. По овој
дебакл влегоа во црна серија и забележаа само еден триумф во три месеци. Во
јануари на кормилото на Бордо седна Гус Појет кој го врати тимот на прав пат.
Па Бордо ќе се обиде да ги изненади „Парижаните“ и да ја искористи слабата игра
во одбраната на ПСЖ, имено „Светците“ на пет од последните шест натпревари
примија гол. Но офанзивата им е многу силна, па грешките во дефанзива лесно се
надоплнуваат со голови.

Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Онлајн платформата за обложување ви го дава решението.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани