Салах е брз фудбалер, но не и најбрз во Премиерлигата (ФОТО)

by
1 минути читање

Офанзивецот на
Ливерпул, Мохамед Салах е брз фудбалер со брзина од 34,93 километри на час, но
Египјанецот е рангиран само на 18-тото место на листата која е објавена.

Ектор Бељерин и
Пјер-Емерик Обамејанг се исто така брзи фудбалери, но тие се најдоа на 13,
односно 14 позиција на оваа листа, каде има неколку изненадувања за големите
љубители на фудбалот, особено Антонио Рудигер кој се најде на шестото место, а
интересно е тоа што пред Тео Волкот има тројца побрзи од него во најелитниот
фудбалски шампионат на Англија.

Најбрз фудбалер
во Премиерлигата е Лерој Сане со 35.48 километри на час, по него е Патрик ван
Анхолт, а водечката тројка на листата ја комплетира Муса Сисоко.

Извор: dailymail.co.uk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани