Манчестер Јунајтед загуби во првото коло од новата сезона во Премиер лигата и тоа од новиот премиерлигаш, Хал со 0-2.
Момците на Мајкл Карик не тргнаа во сезоната онака како што посакуваат. Не само што загубија, туку и не одиграа речиси ништо.
Хал поведе со гол на Аџаи во 17. минута, тој се најде на вистинското место и со силен шут од непосредна близина ја смести топката во мрежата на Ламенс.
Конечните 2-0 за Хал ги постави Менди со гол во 38. минута од мечот.
Јунајтед се обидуваше да се врати во натпреварот, но сето тоа беше јалово.