398
Златан
Ибрахимовиќ стави точка на своите настапи во шведскиот национален тим, но по
големиот успех во баражот од квалификациите за пласман на Светското првенство
во Русија претстојново лето, ветеранот пријави желба да настапи.
Сепак, многумина
сметаат дека на Шведска не и е потребен популарниот Ибра, кон таа група
мисленици се наоѓа и голманот Карл Јонсон.
„Успеавме
да се пласираме на Светското првенство без него, мислам дека можеме да играме
квалитетно и без него на Мундијалот. Но, одлуката е на тренерот, и да го
повика, сигурен сум дека ќе одигра квалитетно“ речен Јонсон кој додаде дека
Шведска како тим игра колективно, а Ибрахимовиќ е фудбалер индивидуалец.