240
Навивачите на
Арсенал веќе неколку години по ред бараат промена на клупата на нивниот омилен
тим, односно смена на долгогодишниот тренер Арсен Венгер.
Францускиот
стратег од сите страни добива критики, недостасуваат трофеи во тимот од Лондон
кој има специфична политика, тој вели дека е свесен за резултатите, а вети
максимална работа и посветеност.
„Свесен сум за
тоа какви се резултатите, а кога не се добри какви што сите сакаат, тогаш се
поставуваат прашања. Не можам со тоа да управувам, само можам да ветам
посветеност и квалитет со мојата работа“ рече тој.