77
Бугарска
полицајка се здоби со сериозни повреди по експлозија на бомба од влезот на стадионот пред стартот на првенствениот меч од тамошниот фудбалски шампионат помеѓу градските
ривали ЦСКА и Левски од Софија.
Мечот заврши
нерешено со резултат 2-2, а од големите нереди што се случија со повреда се
здоби една полицајка во чиј предел на лицето и окото завршиле неколку стаклени
делови по експлозија на пиротехничко средство. Од тамошната полиција известија дека биле приведени дваесетина навивачи на Левски.