По преселбата на Енфилд минатото лето, Мо Салах игра во страшна форма. Зад своето име веќе има 40 погодоци во сите натпреварување и сруши неколку рекорди оваа сезона, а со 30 гола во Премиерлигата е прв стрелец во Англија но и во Европа.
Египјанецот постојано е во центарот на вниманието поради сензационалната форма и Јирген Клоп на шега вели дека тие можат слободно да тренираат голи и никој да не примети поради тоа што сите очи се вперени во напаѓачот.
„На сите им се допаѓа фамата која се крева околу Мо“ – вели менаџерот на Ливерпул. „Кога излеговме на тренинг пред дуелот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите им кажав на момците, „Ајде да тренираме голи, никој нема да примети! Сите го гледаат Мо“. Сега патуваме за Рим и мислам дека фамата ќе биде иста ако не и поголема. Но немаме ништо против тоа“.
„Момците направија одлична атмосфера, имаме одличен тим. Другите клубови можеби имаат добри играчи, но не и добра група“.