99
Сопругата на Антонио Конте го украде шоуто на денешниот прес на Италијанецот пред дуелот на Челси со Барнли.
Додека менаџерот на „Синитe“ објаснуваше какви се шансите на неговиот тим за топ четири пласман, заѕвоне мобилниот, а стратегот откако виде кој го бара, со насмевка на лицето и малку засрамен рече: „Ме бара сопругата… секогаш во најлош момент! Слободно можете да ме казните за ова“.
„Навистина ми е жал бидејќи јас се лутам доколку заѕвони мобилниот на некој новинар“.
Но новинарите не му се налутија на Антонио Конте, продолжија со шегата и му порачаа дека можеби сопругата го бара за да го потсети да купи млеко.
“My wife… always in the worst moment.” pic.twitter.com/Y9o5SXAKtF
— ESPN UK (@ESPNUK) April 18, 2018