Чеферин: И со ВАР Реал Мадрид ќе го добиеше пеналот

by
1 минути читање

Начинот на кој беше елиминиран Јувентус од Лигата на шампионите крена многу прав. Мајкл Оливер досуди пенал во 93. минута. Некои му честитаа за храброста и сметаа дека одлуката е исправна, но некои упатија големи критики кон него, дури и закани по живот.

„Лигата на шампионите е како Ферари или Порше. Не можете да го возите одма, потребен ви е тренинг и тесирања прво. Сите ќе разберат како работи тоа“, вели Чеферин.

„Рано е за ВАР, но тоа не значи дека никогаш нема да има во ЛШ. Процесот нема да се сопре, еден ден ќе има видео технологија и во Лигата на шампионите, но не се брзаме“.

„Има некоја загриженост и за тоа што ќе има ВАР на Светското првенство каде ќе има судии кои никогаш не суделе меч со видео технологија. Се надевам нема да има скандали и проблеми“.

„Фудбалот веќе е прекрасна игра, нели? Мислам дека има некои луѓе што сакаат први да воведат ВАР, да влезат во историјата. Лигата на шампионите не се брза“.

„Извинете, но што ќе променеше ВАР во натпреварот Реал Мадрид – Јувентус? Ништо“.

„Има такви кои 20 пати го гледале инцидентот, јас го гледав 50 пати. Но половина секогаш ќе зборуваат дека е пенал, а другата половина дека не е“.

„Ќе беше корисно да имаше ВАР на мечот Манчестер Сити Ливерпул за поништениот гол“.

„Мислам дека реално видео технологија да очекуваме за сезоната 2019-2020 во Лигата на шампионите и на Европското првенство“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани