Аспас погоди со рака и ја спаси Селта од пораз против Барселона (ВИДЕО-

by
1 минути читање

Барселона го отвори натпреварот во 36. минута благодарение на убав погодок на Дембеле, но пред самиот крај на првото полувреме Селта преку Кастро го изедначи резултатот на 1-1.

Во 64. минута Пако Алкасер го врати водството на Барселона која седум минути подоцна остана со играч помалку откако Роберто заработи црвен картон за влечење на Аспас кој излегуваше сам пред противничкиот гол.

На Аспас тогаш не му беше дозволен да даде гол, но во 82. минута тој го направи тоа, постигна погодок со рака за конечни 2-2. Доколку имаше ВАР технологија Барса ќе ги освоеше трите бода, но вака на бод се радуваат и домаќините.

Денеска се одиграа уште два меча од Примера, Депортиво и Севиља одиграа без голови, Виљареал со 2-1 го совлада Леганес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани