Рио Аве води
голема битка за излез во Европа следната сезона откако на четири кола до крајот
на најсилниот португалски шампионат се наоѓа на петтото место со 44 бода, исто
колку и Маритимо.
Иако имаше
можност да го добие синоќешниот дуел со Тондела пред своја публика, на крајот
мораше да се задоволи со реми од 1-1, а имаше водство.
Трагичар на мечот
беше првата ѕвезда на тимот Гуедес, инаку најефикасниот напаѓач на својот тим,
кој во првото полувреме можеше да го дуплира водството на својата екипа по
ударот од белата точка, но сакаше да се прослави со паненка, тоа не му успеа, а
само четири минути подоцна беше заменет, а имаше и реакција кон својот тренер Кардосо
кој очигледно дека не признава ѕвезди во својот состав.