ПСЖ договори нов голман за 35 милиони евра, од зделката може да ќари и Јувентус

by bojan
1 минути читање

Голем број на извори објавија дека ПСЖ и Парма си подале рака за трансфер на Зион Сузуки во зделка вредна околу 35 милиони евра, но голманот нема да остане во Париз и веднаш ќе бара нов клуб.

„Светците“ се добро покриени на голманската позиција, го имаат Матеј Сафонов, како и Лукас Шевалие, за кого минатото лето платија 50 милиони евра.

Но и покрај тоа, ПСЖ сега договори нов голман за 35 милиони евра, и по долги преговори си подаде рака со Парма за трансфер на Зион Сузуки.

„Светците“ веруваат дека Јапонецот има голем простор за напредок и може да биде долгорочно решение за местото помеѓу стативите, а ќе помогне и од аспект на маркетингот.

Со одличните настапи на Светското првенство во САД, Зион Сузуки стана еден од новите миленици на навивачите ширум Јапонија, па ПСЖ со овој трансфер сака и значително да си ја зголемат популарноста на азискиот пазар.

Но Зион Сузуки речиси сигурно ќе треба да почека за деби во дресот на „светците“, и до крајот на овој месец ќе му биде најден нов клуб.

Јувентус се издвојува како најсериозен кандидат за позајмица на голманот, а не е исклучена ниту можноста тој да остане уште една сезона во Парма.

ФОТО: X/Parma Calcio 1913

Можно е и ова да ти се допаѓа

×