Зошто Баерн треба да се плаши од Кристијано Роналдо?

by
1 минути читање

Во реприза на
четвртфиналето од минатата сезона, Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе се борат за
место на завршницата од овогодинешното издание на Лигата на шампионите.

Сите погледи ќе
бидат вперени кон Кристијано Роналдо, кој игра во страшна форма и поставува
нови рекорди во најелитното европско натпреварување.

Хамес Родригез ги
предупреди „Баварците“ дека ЦР7 е машина за голови и статистиката покажува дека Баерн
има добри причини зошто треба да се плаши од Португалецот.

Шампионот на
Германија му еден од омилените „пациенти“ на Кристијано Роналдо, кој има девет
погодоци на шест натпревари против Баерн. Тој во просек постигнува гол на секој
64 минути и 47 секунди против „Баварците“. Подобри бројки ЦР7 има само против
Јувентус, на „Бјанконерите“ им дал 10 голови.

Доколку го задржи
овој просек, Кристијано Роналдо треба да го „почасти“ Баерн со нови три парчиња
во полуфиналето. Ѕвездата на Реал има седум гола на последните три меча против
Баерн, а на последните два натпревари во Минхен беше двоен стрелец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани