„Кралевите“ вчера го потврдија трансферот на Јан Диоманде, а соопштија и дека Винисиус Жуниор ставил потпис на нов договор, но сето ова падна во втор план поради веста дека Родри ќе заврши во лутиот ривал Барселона.
Навивачите на Реал Мадрид изразија незадоволство и покрај тоа што вчера добија две убави вести.
„Кралевите“ прво го потврдија трансферот на Јан Диоманде вреден околу 140 милиони евра, а потоа соопштија и дека Винисиус Жуниор останува на „Бернабеу“ до 2032 година.
Но сето ова падна во втор план поради веста дека Родри решил да го одбие Реал Мадрид и да одбере преселба во Барселона.
Оваа информација предизвика голем гнев кај навивачите, кои гледаа како играчот што го посакуваат завршува кај нивниот најголем ривал.
Голем дел од навивачите сметаат дека средниот ред е позицијата која најмногу треба да се засили и дека Родри бил идеално решение, и според цената и според квалитетот (Шпанецот беше прогласен за МВП на Светското првенство во САД).
Социјалните мрежи на клубот беа преплавени со коментари и фотографии од репрезентативецот на „црвената фурија“, се бара негов ангажман, додека пораката „Потпишете со Родри“ стана вистински хит.
Останува да се види дали Реал Мадрид ќе жали што дозволи Родри да заврши во Барселона, или тие ќе изградат шампионски тим и без Шпанецот.