„Светците“ попладнево го потврдија трансферот на Магнес Аклиуш од Монако во зделка вредна околу 50 милиони евра.
ПСЖ беше еден од клубовите кои ова лето пројавија интерес за Јан Диоманде, но откако стана јасно дека ќе треба да се платат преку 100 милиони евра за фудбалерот на РБ Лајпциг, „светците“ решија да се вратат на стариот успешен рецепт и да тргнат по потпис на перспективен фудбалер од Франција.
Изборот падна на Магнес Аклиуш од Монако, и по долги преговори, попладнево пристигна официјална потврда за трансферот.
Како што пренесуваат медиумите, „светците“ ќе платат 50 милиони евра за ангажман на 24 годишниот репрезентативец на Франција.
Магнес Аклиуш, кој може да игра зад напаѓачот или како десно крило, стави потпис на договор до јуни 2031.
ФОТО: X/Paris Saint-Germain