343
Наполи одигра
реми без голови на гостувањето кај Милан во редовното коло од италијанската
Серија А, а повторно во една доста комична ситуација се најде Лоренцо Инсиње.
Познато е тоа
дека многумина не верувале во неговиот раскошен талент најмногу поради висината
со која не може баш да се пофали, па постојано се пошегуваат на негова сметка и
му ги препуштаат највисоките придружници-дечиња до центарот од теренот пред
секој натпревар.
Така беше и на
мечот во Милано, а неговата реакција беше во стилот: „Повторно ми го направивте ова…“, со насмевка на
лицето…