По дуелот со
Валенсија, Андрес Иниеста соопшти дека донел одлука за сопствената иднина и
следниот чекор ќе го соопшти до крајот на месецот.
Фудбалерот од средниот ред дефинитивно заминува од Камп Ноу, за ова веќе
ги известил лидерите на клубот како и соиграчите од соблекувалната.
Андрес Иниеста во
моментов го крие името на неговиот следен клуб и само малкумина знаат каде тој
ќе заврши, но сите молчат поради клаузула за доверливост. Четири клубови од
Кина доставиле понуда, и се верува дека Тианџин Кванџиан е тој кој ќе ја добие битката
за потписот на Шпанецот.
Се говори дека
играчот ќе стави потпис на три годишен договор и ќе има плата помеѓу 25 и 30
милиони евра по сезона.
Новата авантура
во кариерата ќе му помогне на Андрес Иниеста да го прошири својот бизнис,
односно продажбата на вино. Фудбалерот во родната Фуентеалбиља има винарија, и
според пишувањата на Марка, планот е следната година да се извезат 2 милиони
шишиња вино во Кина.
АС пак пишува
дека новиот клуб на Андрес Иниеста ќе превземе одговорност да го откупи ова
вино и тоа во следните 10 години, а присуството на играчот во најсилното
првенство на Кина ќе послужи за промоција.