2,5K
Зинедин Зидан
продолжи со стариот добар рецепт, Кристијано Роналдо доби одмор, а за
гостувањето кај Малага поштедени беа и Герет Бејл, Лука Модриќ и Рафаел Варан.
Тони Крос и Марсело останаа на клупата за резерви но и покрај тоа Реал немаше
никакви проблеми кај фенерџијата.
Резултатот беше
отворен во 29. минута, Иско од слободен удар биеше мајсторски за 0-1. На 0-2
зголеми Касемиро во 63. минута. Бразилецот најпрво го сопре нападот на
домаќините, а потоа се најде во противничкиот шеснаесетник за да финишира една
одлична акција на Бензема и Иско.
Во последните
мигови од средбата, Малага само стигна до почесен гол преку Ролан.