Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона не сака да го продаде Феран Торес на ПСЖ, идејата е напаѓачот да остане на Камп Ноу и да стави потпис на нов договор.
Вчера беше објавено дека Ферен Торес донел одлука за својата иднина, напаѓачот сака да ја продолжи кариерата во ПСЖ.
Се најавуваше дека преговорите помеѓу двата клуба ќе почнат следната недела, но вечерва неколку извори од Шпанија објавија дека Барселона не сака да го продаде напаѓачот.
Ханси Флик сериозно смета на Феран Торес за новата сезона, па „каталонците“ сакаат да му го продолжат договорот, иако тоа би значело да му исплатат дополнителни 8 милиони евра на Манчестер Сити.
Извори од Барселона велат дека единствен начин за Феран Торес да биде продаден е доколку самиот играч побара да го напушти клубот, а тоа досега не се случило.
Доколку напаѓачот побара трансфер, цената која клубот од Камп Ноу ќе ја бара е околу 55 милиони евра.