Имран Фетаи замина од Шкендија, потпиша со клуб од Романија

by 24 фудбал
1 минути читање

Имран Фетаи ја напушта Шкендија и кариерата ќе ја продолжи во романскиот прволигаш Динамо Букурешт, откако беше реализиран неговиот трансфер во редовите на славниот клуб.

Тетовци потврдија дека Динамо ја активирал откупната клаузула од договорот на дефанзивецот, по што биле исполнети сите услови за трансферот да биде финализиран. По комплетирањето на документацијата, Фетаи ќе може веднаш да му се приклучи на новиот тим.

Шкендија објавува дека Имран Фетаи преминува во ФК Динамо Букурешт, откако романскиот клуб ја активираше клаузулата за трансфер предвидена во договорот“, соопштија од тетовскиот клуб.

Во Шкендија му се заблагодарија на Фетаи за сè што направи во дресот на клубот и му посакаа многу успех во новата средина.

Со преселбата во Букурешт, македонскиот дефанзивец ќе добие можност за нов исчекор во кариерата и настапи во романскиот шампионат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×