158
Клубовите од
најсилното првенство на Англија вчера имаа состанок на кој се разгледуваше
употребата на ВАР и одлучија видео технологијата да не се применува во
Премиерлигата, и само да се продолжат тестирањата во куп натпреварувањата.
„Мислам дека
Манчестер Сити се сложи но други големи клубови како Манчестер јунајтед и
Челси беа против“ – вели Пеп Гвардиола.
„Ништо страшно,
убеден сум дека еден ден ќе се употребува ВАР, ова е неизбежно. Не само во
Англија, туку во целиот свет. На судиите им треба помош, денешниот фудбал е
многу побрз”.
„Еве еден пример,
не знаеме дали беше пенал или не за Реал Мадрид на дуелот со Јувентус. На судиите не им е лесно.
Мислам дека им треба помош”.