Премиерлигашите не сакаат ВАР технологија

by
0 минути читање

Видео технологијата беше користена во ФА Купот и Лига Купот оваа сезона, но во Премиерлигата нема да биде ниту следната.

Англиските клубови сметаат дека ВАР има одредени пропусти кои треба да се корегираат за таа да биде подржана.

На состанокот сите 20 Премиерлигаши го дале својот глас и било изгласано да не се воведе ВАР следната сезона.

ВАР оваа сезона е присутен во Серија А и во Бундеслигата како и на репрезентативните натпревари под капата на ФИФА. Таа ќе биде и во Русија на Светското фудбалско првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани