Се појавија и првите „профитери“ од Европа, поддржувачи на идеите на Инфантино за ФИФА!

by 24 фудбал
1 минути читање

Планот на Џани Инфантино за продажба на дел од комерцијалните права на ФИФА доби прва јавна поддршка од европски фудбалски сојуз, откако претседателот на Фудбалската федерација на Чешка, Давид Трунда, позитивно се изјасни за предлогот.

Трунда истакна дека во проектот гледа можност за дополнителен развој на чешкиот фудбал, особено преку инвестиции во инфраструктурата и младинските програми.

Гледам конкретни придобивки за чешкиот фудбал преку блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако, потребни се повеќе информации, но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе позитивни ефекти“, изјави Трунда.

Според предлогот на ФИФА, ќе биде формирана компанијата „ФИФА Форвард Ентерпрајз“, проценета на околу 20 милијарди долари, која ќе управува со комерцијалните права на светската куќа на фудбалот. ФИФА ќе го задржи мнозинскиот пакет, додека до 20 проценти од сопственоста ќе бидат понудени на приватни инвеститори.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×