Преседан во Бразил: Доби суспензија колку што ќе треба да заздраве скршената нога на противникот! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Врховниот спортски арбитражен суд во Бразил донесе несекојдневна одлука, откако го суспендира фудбалерот на Интернасионал, Виктор Габриел, сè додека целосно не закрепне Габриел Пек, кого тешко го повреди на натпреварот против Крузеиро од Серија А.

Габриел доби директен црвен картон по опасниот старт, а Пек заработи скршеница на потколеничната коска и веднаш беше опериран. Наместо стандардна суспензија, судот пресуди дефанзивецот да нема право на настап сè додека повредениот фудбалер не се врати на тренинзи.

Според првичните прогнози, закрепнувањето на Пек ќе трае околу шест месеци, а максималното времетраење на казната за Габриел е поставено токму на 180 дена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×