201
Елиминацијата на
Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите се уште е топ тема, а освен
дефанзивецот на италијанскиот првак, Кјелини кој гестикулираше кон дел од
фудбалерите на Реал Мадрид алудирајќи на тоа дека шпанскиот тим ги потплатил
судиите, скандалозни сцени се случија и во новинарската ложа од Сантијаго
Бернабеу.
Италијанскиот
новинар Тавери својата фрустрација од тоа што Реал Мадрид доби пенал во самиот
финиш, ја искажа со мавтање на банкнота од 50 евра кон фановите на шпанскиот
тим, по што дојде до вербален судир по што мораше да реагира обезбедувањето, а
на крајот новинарот беше отстранет од стадионот.