Интер постигна целосен договор за ангажман на Џон Стоунс, кој наскоро ќе стане нов фудбалер на италијанскиот гигант. Англискиот дефанзивец ги прифатил личните услови и останува само да ги мине лекарските прегледи пред официјално да биде претставен како ново засилување на „нераѕурите“.
Според договореното, Стоунс ќе потпише договор со Интер до јуни 2028 година, а ќе заработува околу четири милиони евра нето по сезона.
Триесет и двегодишниот стопер зад себе има богата кариера. Во Манчестер Сити пристигна во 2016 година од Евертон и во изминатите години беше еден од најважните играчи во тимот на Пеп Гвардиола. Со „граѓаните“ освои шест титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, два ФА Купа, четири Лига купови, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
Стоунс во наредните денови ќе отпатува во Милано, каде што ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи, по што Интер и официјално ќе го потврди неговиот трансфер.