Го бара Баерн Минхен, но дефанзивецот реши да остане во Италија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Интер е на чекор до продолжување на договорот со Јан Бисек, откако клубот постигнал усмен договор со германскиот дефанзивец за соработка до летото 2031 година.

Според италијанските медиуми, останува да бидат завршени формалностите пред договорот официјално да биде потпишан и потврден од миланскиот клуб.

Бисек се наметна како еден од важните играчи во одбраната на „нераѕурите“, па раководството реши навреме да ја обезбеди неговата иднина во клубот. Во текот на летото 24-годишниот стопер беше поврзуван со трансфер во Баерн Минхен, но Интер немаше намера да го продаде за помнала понуда од 40 милиони евра.

Германецот пристигна во Интер во 2023 година од Архус и во меѓувреме се етаблира како стандарден член на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×