61
Луд меч се одигра
на арената Велодром во Марсеј, каде истоимениот домаќин Олимпик го пречека
Лајпциг во реванш пресметката од четвртфиналето од Лига Европа.
По гостинскиот
минимален пораз од 1-0, Олимпик Марсеј пред своја публика славеше со убедливи
5-2, но, први во водство дојдоа гостите по две минути игра, но четири минути
подоцна со автогол донесоа израмнување за Французите.
Првата ѕвезда на
Олимпик Марсеј, Димитри Паје одигра феноменален натпревар, а истиот го круниса
со еден преубав гол кој го постигна во 60. минута за 4-2.
data-lang="en">