Стефан Ристовски одигра 80. минути за Спортинг Лисабон во победата од 1-0 над Атлетико Мадрид, но најголемиот фаворит за трофејот оди понатаму благодарение на триумфот во Шпанија од 2-0.
Монтеро во 28. минута беше стрелец на голот, Спортинг Лисабон напаѓаше, се обидуваше да дојде до втор гол, но не успеа.
ЦСКА Москва со головите на Чалов и Набабкин поведе со 2-0 против Арсенал и и фалеше само уште еден погодок за да го помине фаворитот и да го направи тоа што го направи Рома, но топчиите се разбудија во финишот и преку Велбек и Ремзи дојдоа до реми од 2-2.
Најмногу голови имаше на мечот меѓу Марсеј и Лајпциг кој заврши со 5-2 за домаќини и со вкупни 5-3 одат во полуфиналето.
Брума и Огустин беа стрелци на головите за Лајпциг, Сар, Таувин, Паје и Сакаи беа стрелци за Марсеј, еден погодок беше автогол на Илсакер.
Лацио иако во Рим победи со 4-2, испадна од Салцбург каде загуби со 4-1, сите погодоци беа постигнати во второто полувреме.
Лацио почна со гол на Имобиле, но потоа следуваше изедначување на Дабур. За четири минути од 72. до 76. Лацио прими три гола, Хаидара, Хванг Чан и Лаинер им пресудија на Римјаните.
Атлетико Мадрид, Арсенал, Марсеј и Салцбург продолжуваат во Лига Европа.