Ново историско истражување открива интересни детали за семејното потекло на Лионел Меси. По три години архивска работа, историчарот Фјоренцо Сантини дошол до сознанија дека дел од корените на аргентинската фудбалска легенда од страната на неговата мајка, водат кон Бразил.
Според истражувањето, прадедото на Меси, Федерико Кучитини, е роден на 27 јануари 1904 година во Рибеирао Прето, во бразилската сојузна држава Сао Паоло. Тој бил дедо на мајката на Меси, Селија Марија Кучитини.
Семејството Кучитини потекнувало од италијанскиот град Сан Северино Марке. Кон крајот на 19 век, Ранијеро Кучитини и неговата сопруга Роза се преселиле во Бразил, каде што работеле како земјоделци на фарма во внатрешноста на државата Сао Паоло. Во Бразил им се родиле две деца, ќерката Ерминија во 1900 година и синот Федерико четири години подоцна.
По неколку години семејството се преселило во Аргентина, во Росариo градот во кој подоцна е роден Лионел Меси.
Иако Меси е Аргентинец по раѓање и националност, неговите семејни корени се поврзани со Италија и Бразил. Поради тоа, според своето потекло, еден од најдобрите фудбалери во историјата имал право да настапува и за репрезентациите на Бразил или Италија, покрај Аргентина.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: A three-year investigation by historian Fiorenzo Santini, published by Globo, claims that Lionel Messi has Brazilian roots! 🇦🇷🇧🇷
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) July 24, 2026
According to the report, Messi's great-great-grandfather moved from Italy to Brazil in 1899 before the family later moved to… pic.twitter.com/8LsCDerZxz