Лука Модриќ е на пат да оствари уште едно големо достигнување во својата импресивна кариера. По продолжувањето на договорот со Милан до летото 2027 година, хрватскиот фудбалски мајстор има шанса да стане највозрасниот играч кој настапил во историјата на италијанскиот гигант.
Модриќ на 9 септември ќе го прослави 41. роденден, а доколку запише официјален настап откако ќе наполни 41 година и 166 дена, ќе го надмине рекордот на Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот последниот натпревар за „росонерите“ го одигра токму на таа возраст.
Хрватскиот репрезентативец веќе постави еден рекорд во Милан, станувајќи најстарото засилување кое дебитирало за клубот, а сега е близу до уште едно историско остварување. На листата на највозрасни фудбалери на Милан зад Ибрахимовиќ се наоѓаат имиња како Алесандро Костакурта, Паоло Малдини, Марко Сторари и Антонио Миранте.