Прв селекторски ангажман за легендарниот Виера, ќе води репрезентација која играше на Светското првенство

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот француски репрезентативец Патрик Виера е на чекор од преземање на селекторската функција во националниот тим на Сенегал. Според последните информации, разговорите меѓу Виера и Фудбалскиот сојуз на Сенегал се одвиваат во позитивна насока, а официјализацијата би можела да следи наскоро.

Виера е роден во Дакар, но во играчката кариера го носеше дресот на Франција. Неговото сенегалско потекло, како и доброто познавање на фудбалските прилики во земјата, се сметаат за голем плус во процесот на избор на нов селектор.

Поранешниот капитен на Франција има и директно искуство со развојот на фудбалот во Сенегал, бидејќи беше дел од проектот на Диамбарс, еден од најпознатите фудбалски центри во оваа африканска земја.

Сенегал неодамна одлучи да ја прекине соработката со Тиао по неуспешниот настап на Светското првенство. Иако репрезентацијата на турнирот отпатува со големи очекувања, претрпе порази во првите две средби од групната фаза против Франција и Норвешка.

Сепак, сенегалците успеаја да се вратат со убедлив триумф од 5:0 против Ирак и да обезбедат пласман во осминафиналето. Таму имаа предност од 2:0 против Белгија, но во завршницата дозволија противникот да израмни на 2:2, а потоа во продолженијата да стигне до победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×