Клоп со закана ја започна авантурата на клупата на Германија: Веднаш си заминувам ако…

by bojan
1 минути читање

Јирген Клоп денеска беше промовиран како нов селектор на Германија, стратегот веднаш се закани дека ќе си поднесе оставка доколку неговото семејство се најде на удар поради лоши игри или лоши резултати.

Популарните „панцери“ потфрлија на мундијалот во САД, шокантно беа елиминирани од Парагвај во 16 – финалето, па Јулијан Нагелсман се повлече од кормилото, а Јирген Клоп се наметна како главен фаворит за селекторското столче.

Денеска пристигна и официјално соопштение, а на првата средба со новинарите, Јирген Клоп се закани дека ќе си поднесе оставка доколку неговото семејство се најде на удар.

„Оваа работа не ја прифатив заради себе, ја прифатив заради вас. Ја прифатив и покрај тоа што знам како сега беше третиран Јулијан Нагелсман и Томас Тухел претходно“ – вели 59 годишниот стратег.

 „Ако сметате дека не сум доволно добар, кажете ми го тоа директно и веднаш ќе се повлечам без да побарам ниту едно евро отштета“.

„Ако Фудбалската федерација на Германија смета дека не сум вистинскиот човек, нека ми кажат и ќе си заминам“.

„Но нема да толерирам напади врз моето семејство, ако моето семејство се најде на удар, веднаш си заминувам“.

Тој потоа додаде: „По оваа улога, не гледам нов тренерски предизвик. Би сакал водењето на германската репрезентација да биде круна мојата кариерата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×