Бензема е незадоволен и во Ал Хилал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Карим Бензема не е задоволен од својата улога во Ал Хилал и тоа јасно му го соопштил на раководството на клубот пред почетокот на новата сезона.

Според информациите, на состанокот меѓу двете страни дошло до тензии. Францускиот напаѓач истакнал дека не сака да настапува само во Азиската Лига на шампиони, туку очекува значајна улога и во домашното првенство.

Раководството на Ал Хилал во меѓувреме ја следи ситуацијата на трансфер пазарот и разгледува можни решенија доколку дојде до разделба.

Бензема пристигна во клубот во февруари 2026 година, а минатата сезона одигра 13 натпревари на кои постигна девет гола и додаде пет асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×