Сигурно ќе биде казнет поради ова: Кјелини имаше порака до Реал Мадрид по пеналот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Џорџо Кјелини
беше доста гневен по одлуката за пенал во самиот финиш од средбата со Реал
Мадрид, по што Јувентус иако имаше можност да игра и продолженија, на крајот
доживеа елиминација во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Италијанскиот
дефанзивец беше уловен од камерите за својата гестикулација кон Рафаел Варан,
кон кого испрати порака „Вие плаќате“, мислејќи на тоа дека официјалните лица кои ја делеа правдата се потплатени од страна на тимот од Мадрид, а сигурно дека поради ова ќе добие казна
од Европската куќа на фудбалот – УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани