Фудбалерите на Вардар вечерва во Скопје беа поразени со 3-2 од Рига во првиот натпревар од двомечот во второто квалификациско коло од Конференциска лига.
Според тренерот Фабијани Вардар денеска одиграл добар натпревар и загубил поради неколку индивидуални грешки.
Чувствата се измешани, игравме добро до тие грешки кои сами ги направивме и поради кои на крајот изгубивме. Вардар денеска доминираше во однос на ривалот, игравме одличен фудбал, но грешките кои ги направивме скапо ги плативме. Според мене Вардар одигра подобар од натпревар од двата дуели со КуПС. Ова беше натпревар против одличен противник, покажавме дека и така можеме да бидеме подобри, ако ги поправиме грешките, верувам дека можеме да дојдеме до позитивен резултат на гостински терен.
Победува екипата која прави помалку грешки, денеска лесно можевме да постигнеме и трет гол имавме неколку прилики на 2-2. Како и цела екипа и одбраната денеска беше солидна, преземам јас дел од одговорноста, како што кажав загубивме поради грешки во одредени делови од натпреварот.
Како дополнителна позитивна работа, Фабијани ја истакна трансформацијата на тактичките замисли.
Сакавме во овој дуел тактички да не менуваме ништо во однос на натпреварот КуПС, но имавме една повреда, па мораше да менуваме. Тоа што е позитивно е што екипата почна добро да се снаоѓа во тактичките промени на теренот во текот на натпреварот.
Реваншот на Вардар на гостински терен е закажан за на 28 јули.