Уште еден преседан на ФИФА: Мундијалот во Саудиска Арабија ќе се протега низ три месеци во две календарски години?

by 24 фудбал
1 минути читање

Светското првенство во Саудиска Арабија би можело да испише историја како прв Мундијал што ќе се игра во две календарски години.

ФИФА разгледува можност турнирот да започне кон крајот на декември 2034 година, а да заврши во јануари или февруари 2035 година. Причината е што летните термини отпаѓаат поради екстремните горештини, а ноември и декември се преклопуваат со Рамазан.

Доколку биде прифатено ова решение, Светското првенство официјално ќе се води како СП 2034, иако најголемиот дел од натпреварите би се одиграле во 2035 година, што би било преседан во историјата.

Конечната одлука сè уште не е донесена, но извесно е дека шампионатот нема да се игра во традиционалниот летен термин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×