Секунди го делеа
Јувентус од продолженија откако со двата гола на Манџукиќ и погодокот на
Матуиди беше анулирана предноста на „Кралевите“ од 0-3 од првиот натпревар во
Торино.
Но во 93. минута од мечот, судијата покажа на белата точка откако Бенатија стартуваше врз
Вазкез.
Роналдо спушти топка во петерецот, а Вазкез наместо да бие реши да ја смири со
гради. Бенатија во обид да интервенира од зад грб го закачи Вазкез, а контактот беше доволен за Мајкл
Оливер без многу двоумење да покаже на белата точка.
Играчите на
Јувентус протестираа, Џиџи Буфон беше најжесток и доби црвен, но судијата не ја
преиначи одлуката.
Погледнете и сами
проценете дал имаше пенал.
ABSOLUTE CHAOS IN MADRID!!! Benatia fouls Vazquez in the box, Michael Oliver gives a penalty, Gigi Buffon is sent off for arguing, and Szczesny comes on to attempt to save the penalty pic.twitter.com/hy2NbW3Xop
— The Sports Quotient (@SportsQuotient) April 11, 2018