Мајстор или преварант? Фан на Ливерпул неверојатно точно го предвиде текот на настаните на Етихад (ФОТО)

by
3 минути читање

Клубот од Енфилд
се пласираше во полу-финалето од Лигата на шампионите откако ја доби и втората
пресметка со Манчестер Сити, вчера Ливерпул со 1-2 триумфираше на Етихад.

На социјалните
мрежи вниманието го привлече еден пост со кој неверојатно точно беше предвиден
текот на настаните.

„Што се однесува
до вечерва. Рано водство на Сити за да се зголеми нервозата. Ќе издржиме до
полувреме. Салах погодува во второ за 1-1. Сити ја губи мотивацијата и Боби реализира за победа. Сити 1 Ливерпул 2. Се пласираме во полуфинале
– напиша навивачот.

„Граѓаните“
поведоа веќе во 2. минута, и иако имаа неколку добри прилики, Ливерпул некако
издржа до паузата со само еден примен гол. На стартот од вториот дел, Салах
погоди за 1-1, а потоа Фирмино пресече едно лошо додавање на Отамени и
реализираше за 1-2.

Постот за кратко време
стана вирален, беше ретвитнат и од многу познати личности. Гери Линекер дури го
искористи за да се пошегува на сметка на Рио Фердинанд, Френк Лампард и Стивен
Џерард, и ги „пецна“ поранешните легенди дека треба да го подигнат нивото на
анализите кои ги прават како стручни коментатори.

Сепак, има и
такви кои се скептици и обвинуваат дека е изменето времето на постот, или
пак дека фанот напишал стотина постови и потоа ги избришал оние кои се неточни
и останал само оној добитниот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани