69
Ливерпул помалку
изненадувачки го елиминираше Манчестер Сити во четвртфиналето од Лигата на
шампионите, совладувајќи го на два пати во двата меча.
Јирген Клоп,
шефот на стручниот штаб на тимот од Енфилд, имаше своја реакција на тоа што се
случуваше на втората реванш пресметка синоќа, откако Рома со победа од 3-0 ја
елиминираше Барселона, откако во првиот меч на Камп Ноу загуби со 4-1.
„За момент
помислив дека резултатот во Рим е една голема шега, не затоа што не ја
почитувам Рома, имаат фантастичен тим, туку поради фактот што останаа без Салах
и повторно успеаа. Изненаден сум, очекував Барселона и Манчестер Сити да играат
финале, а обете екипи испаднаа“ истакна Германецот.