Познато кој фудбалер на Англија го добил дресот на Меси (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Лионел Меси запиша две асистенции против Англија, а до денес не беше познато со кој англиски фудбалер Меси го размени својот дрес.

Имено, сестрата на англискиот дефанзивец Џед Спенс на Инстаграм објави фотографија на која се гледа дека дресот на Меси е во сопственост на Спенс.

Спенс беше еден од најдобрите играчи на Англија во полуфиналето на Светското првенство и воодушеви со неколку одлични дефанзивни реакции, а особено со лизгачкиот старт со кој го спречи Џулијано Симеоне да постигне гол.

Тој старт го изведе при резултат 1:0 за Англија, но неговата репрезентација не успеа да ја задржи предноста и да обезбеди пласман во финалето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×