164
Рома направи чудо
за кое долго ќе се зборува помеѓу фудбалските фанови, ја елиминираше Барселона
во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако пред своја публика во реваншот
славеше убедливо со 3-0, а во првата средба загуби со 4-1.
Голот кој донесе
пласман помеѓу четирите најдобри во Европа го постигна Костас Манолас во 82.
минута, а реакцијата на Гркот по постигнатиот гол беше неверојатна…
Гркот беше во солзи откако се пееше популарната „Grazie Roma“ од страна на навивачите на Римската волчица во преубавата атмосфера на Олимпико…